Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски опозициски пратеник го критикува повикот на Маркон за немешање во конфликтот во Тајван

0
By Ана Василевска on April 11, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Макрон и Лајен во Кина
Макрон и Лајен во Кина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германски пратеник ги критикуваше изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека Европа не треба да се меша во конфликтот на Кина со Тајван.

Норберт Ротген, експерт за надворешни работи во германската опозициска Христијанско-демократска партија (ЦДУ), рече дека Макрон се изолира себеси.

„Макрон се изолира во Европа, ја ослабува Европската унија и всушност се спротивставува на она што го кажа претседателката на Европската комисија во Пекинг“, рече Ротген во коментар за радио станицата Дојчландфунк, мислејќи на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Неговите коментари доаѓаат неколку дена откако Макрон и Фон дер Лајен се вратија од тридневната државна посета на Кина.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека не е во интерес на Европа да ескалира кризата околу Тајван и оти треба да продолжи со стратегија која е независна и од Вашингтон и од Пекинг.

Макрон минатиот викенд се врати од тридневната државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг.

Макрон, во заедничко интервју за „Лес Екос“ и „Политико“ за време на посетата на Кина, рече дека Европа не треба да го заострува конфликтот околу Тајван, туку да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.

„Најлошото нешто би било да се мисли дека ние Европејците треба да бидеме следбеници во ова прашање и да се приспособиме на американскиот ритам или кинеското претерување,“ изјави францускиот претседател.

Европа мора повеќе да ја финансира својата одбранбена индустрија, да развие нуклеарна и обновлива енергија и да ја намали зависноста од американскиот долар за да ја ограничи зависноста од САД, рече тој.

Емануел Макрон ЕУ Кина Тајван
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.