Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските демохристијани бираат наследник на Меркел

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 СВЕТ
Фото: ДПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повеќе од 18 години на чело на германската Христијанско-демократска унија, Ангела Меркел денеска го предава престолот во најмоќната конзервативна партија во Европа. Крајот на ерата Меркел, како што ја нарекуваат германските медиуми сепак не значи и нејзино повлекување од политиката. Барем не засега. Меркел веќе најави дека сака до крај, до 2021 година, да го истера својот мандат на чело на владата, објавува Дојче Веле.

Веројатноста дека тоа и ќе го оствари е голема доколку на чело на партијата биде избрана актуелната генерална секретарка Анегрет Крамп-Каренбауер. Случајно или не, прекарот на Каренбауер е „малата Меркел“ и веројатно тоа доволно кажува колку партијата ќе се промени доколу таа застане на нејзино чело. Притоа, таа е и личен избор на Меркел за нејзин наследник и тоа секако ќе има влијание врз точно 1001 делегати на денешниот Конгрес.

Иако формално фигурираат тројца кандидати за лидери на ЦДУ, главен ривал на Каренбауер е Фридрих Мерц – поранешен висок партиски функционер кој се повлече од врвот на партијата по кавга со Меркел пред девет години. На третиот, актуелниот министер за здравство Јенс Шпан, не му се даваат големи шанси.

Мерц веќе предизвика големи бранувања во јавноста откако ја најави својата кандидатура. Тој е на некој начин, сон на секој конзервативец кој копнее по старите добри времиња кога демохристијаните беа цврсти поддржувачи на либералната економија и традиционалните вредности. Големото петно на Мерц е компанијата Блекрок, скандал кој се отвори експресно по неговата кандидатура.

Доаѓањето на Мерц ќе значи, не само крај на социјалдемократизацијата на ЦДУ во времето на Меркел, како што обвинуваат некои критичари, туку веројатно и крај на нејзината политичка кариера.

Deutschland CDU-Regionalkonferenz Düsseldorf l Merz, Kramp-Karrenbauer und Spahn (picture alliance/dpa/F. Gambarini)Тројцата кандидати за наследници на Меркел. Од лево кон десно: Фридрих Мерц, Анегрет Крамп-Каренбауер и Јесн Шпан

За волја на вистината, Меркел ја помести ЦДУ кон политичкиот центар и благодарение на тоа добиваше и политички поени. Од помош се покажаа неколку теми кои традиционално беа предмет на залагањата на СПД или пак на Зелените, но Меркел неочекувано ги присвои за својата партија. Еден пример е семејната политика, бидејќи под Меркел се воведе правото на место во дневно престојувалиште за деца, како и надоместокот за родители. Со тоа, Унијата на изборите во 2013-та доби повеќе од 40 проценти гласови, бројка која денес е далечен сон. Кај конзервативните гласачи Меркел успеа да добие поддршка и преку еколошки и општествени теми.

Но, големата грешка се случи со миграциската и политиката за азил. Приемот на преку еден милион бегалци во 2015 година се покажа како чекор кој ја измести ЦДУ од конзервативната шина и го отвори патот за појавата на нови деснорадикални движења и партии кои успеаја на изборите во 2017 година да го спуштат рејтингот на партијата на Меркел на историски ниско ниво.

Веќе од утре ништо нема да биде исто во германската и европската политика. А дали Меркел и натаму воопшто ќе биде фактор на таа сцена, ќе зависи од нејзиниот наследник на функцијата.

избори лидер Меркел ЦДУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.