Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските социјалдемократи: Заев да размисли за оставката, немаме разбирање за ветото на Бугарија

0
By НОВА ТВ Balaban on November 8, 2021 СВЕТ
Фото: avanse.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставката на премиерот Заев, оценува Шмид во интервјуто за партиското гласило на германските социјалдемократи, е лоша вест и за реформските напори во земјава, но и за иднината на целиот европски проект.

Нилс Шмид, надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи во Бундестагот, апелира до премиерот Зоран Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција, додека на партиско ниво очекува да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и со евентуалниот нов лидер.
-И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ. Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер, истакна Шмид, пренесува „Дојче веле“.
Според него, оставката на Заев ќе има реперкусии и врз процесот на проширувањето на ЕУ во регионот.

Запрашан дали и ЕУ и одредени земји-членки на Унијата сносат одговорност за закочената европска интеграција на земјата и оставката на Заев, Шмид во тој контекст издвојува две.

-Секоја земја има свои легитимни внатрешнополитички проблеми. Но се надевам дека француската политика, по претседателските избори следната година, ќе се врати на ветувањата кои им ги дадовме на земјите од Западниот Балкан. Но, притоа немам никакво разбирање кога една земја како Бугарија, од националистички мотиви веќе две години го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Со тоа си дадоа автогол. Тоа е фатален сигнал за кредибилитетот на ЕУ во регионот. Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ. Тоа не беше соодветно наградено од сите. Затоа тие не можат да се ослободат од одговорност. Притоа, во иднина ќе биде многу потешко да се постигне решение со преговори, вели Шмид.

Оставката на премиерот Заев, оценува Шмид, во интервјуто за партиското гласило на германските социјалдемократи, е лоша вест и за реформските напори во земјава, но и за иднината на целиот европски проект.

На федералните избори што се одржаа на 26 септември во Германија, со тесно водство победија Социјалдемократите (СПД), сестринска партија на СДСМ. Во тек се преговорите за формирање коалиција помеѓу СПД, Зелените и слободните демократи (ФДП). Доколку преговорите бидат успешни, новиот германски канцелар ќе стане кандидатот на социјалдемократите Олаф Шолц. Очекувањата се дека пред Божиќ ќе се формира нова влада. 

Германските Заев оставка размисли социјалдемократи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.