Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, Универзитетот Калифорнија плаќа отштета од 244 милиони долари

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 11:22

Универзитетот Калифорнија (UCLA) се согласи да плати отштета од речиси 244 милиони долари за околу 200 жени кои го обвинуваат поранешниот гинеколог Џејмс Хепс во кампусот за сексуален напад.

Во спогодбата, се опфатени 203 жени кои изјавиле дека д-р Џејмс Хепс ги допирал, симулирал сексуален однос со ултразвучна сонда или давал несоодветни коментари за време на прегледи во Студентскиот медицински центар или во неговата канцеларија во кампусот за време на неговата 35-годишна кариера. Деталите не се објавени.

Во стотици тужби се тврди дека УКЛА намерно ја сокрила сексуалната злоупотреба на пациентките на Хепс и му дозволила да продолжи да има непречен пристап до наводните жртви долги години. Во спогодбата поднесена пред судот во Лос Анџелес, универзитетот се согласи да плати 243,6 милиони долари за 203 жени кои тврделе дека Хепс ги нападнал.

УКЛА започна да го истражува Хепс во 2017 година, а тој се пензионираше следната година откако неговиот договор не беше продолжен. Со спогодбата не се опфатени повеќе од 300 пациентки кои се уште го тужат.

Минатиот месец, Универзитетот во Мичиген објави дека ќе плати речиси половина милијарда долари на илјада поранешни студенти и спортисти кои биле сексуално злоупотребувани од лекарот во образовната институција, Ричард Андерсон.

Во друг случај, Универзитетот Јужна Калифорнија (УСК) во Лос Анџелес се согласи да плати вкупно 1,1 милијарда американски долари преку три посебни договори на стотици жени жртви против поранешен гинеколог вработен во кампусот, што е најголемиот износ од овој тип на компензација забележан досега.

гинеколог злоставува УКЛА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

ВЕСТИ June 11, 2026

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува…

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.