По дописот од Американската болница од Тирана според кој гинекологот Вјолце Мбиара која работи во ординацијата во Шуто Оризари не работела во оваа болница, при пребарување на сајтот на болницата, нејзиното име се наоѓа на листата во подружницата во Драч.

Претходно, од Американската болница стигна соопштение до медиумите во кои тие, повикувајќи се на текстот објавен на НОВА, тврдат дека гинекологот Вјолца Мбиара никогаш не работела ниту пак, била вработена во Американската болница во Тирана. Но не се споменува ниту дека работела во подружницата во Драч.

Во дописот, главниот извршен директор, администратор Клодијан Алајбеу на една од најзначајните и престижни приватни здравствени установи што работат во болницата на териториите на Балканот со седиште во Тирана, Албанија информира дека д-р Вјолче Мбиара никогаш не работела или била вработена во американската болница.  Од болницата тврдат дека изјавите на гинекологот кој работи во Шуто Оризари се „невистинити и измислени и сериозно го кршат на угледот и имиџот на нашата компанија во регионот“, стои во соопштението.

Уште кога беше вработена во Шуто Оризари, од септември минатата година, кога министер за здравство беше Арбен Таравари, беше објвавено дека д-р Мбиала претходно работела во Американската болница во Тирана, а истото беше потврдено и од Министерството за здравство преку соопштение.

Таравари утринава за Плусинфо изјавил дека докторката ги поминала сите законски филтри за да може да работи во Македонија и сè било според законот и прописите, но проверката на нечие Си-Ви не е должност на министерот.

„Ние имавме недостаток на гинеколог во Шуто Оризари повеќе години. Ми се јави гинеколог која рече дека е заинтересирана и знае дека има недостаток во Шутка. После тоа јас побарав да си ги среди документи и сèшто треба. Денот кога е отворена ординацијата таа ја имаше целата потребна документација, значи документација и како ординација и како доктор кој ќе работи во таа ординација. Тоа се државен испит, нострификација на диплома, лиценца за работа, документи за ординацијата. Тоа е тоа што ние како институција можеме да побараме. Другото, каде работела и што работела се нејзини приватни работи, тоа веќе не е институционално„ вели Таравари за Плусифно.

Поранешниот министер Таравари, во чиј мандат таа беше ангажирана за гинеколог, вели дека тој лично никогаш не изјавил дека гинекологот кој сега работи во Шуто Оризари порано работела во Американска болница во Тирана.

„Од вашата порака првпат прочитав дека работела во Американска болница, мене таа никогаш не ми ни кажала дека работела во таква ординација“, вели Таравари.

Иако тогаш како прв човек на министерството, како што тврди тој, никогаш не изјавил дека таа работела во Американска болница, Министерството со кое тој раководеше на 6 септември 2017 година, кога започна со работа гинекологот во Шуто Оризари, во официјалното соопштение објави дека д-р Вјолца Мбиара е специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во Американска болница во Албанија.