Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Не сум јас тој што треба да ве убедам, вие треба да делувате со решеност и со убеденост дека ЕУ е вашата иднина

0
By Ана Василевска on January 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Дејвид Гир
Дејвид Гир
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето е дали државата може да стане членка на ЕУ до 2030 година? Одговорот е: зависи од самата држава. Задачата е значајна, обемот на реформи се големи. Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните потреби и интереси, рече евроамбасадорот Дејвид Гир денеска на тркалезната маса „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија- членка на Европската Унија до 2030 година” во организација на Советот на амбасадори.

Со цел да се постигне оваа цел, посочи Гир, мора да постои вистинска политичка решеност меѓу сите политички партии и меѓу сите институции вклучително и бизнисот и граѓанското општество. Според него, проширувањето мора да биде национален проект бидејќи навистина ќе има предизвици на патот кон ЕУ. Гир кажа дека во ЕУ и во меѓународната заедница има голема поддршка за оваа земја.

„Не сум јас тој што треба да ве убедам. Вие треба да делувате со решеност и со убеденост дека ЕУ е вашата иднина. Патот е отворен. Постои импулс, вашата иднина се наоѓа во вашите раце,“ рече Гир.

Во обраќањето тој посочи на Договорот што потекна од Франција и како резултат на што почнаа преговорите на Северна Македонија со ЕУ и барањето на Бугарија за промена на Уставот.

„Тоа е суверена одлука за оваа држава, меѓутоа јасно е дека со цел да се искористи импулсот во процесот на пристапувањето промените во Уставот мораат да се направат. Ова ќе овозможи процесот да продолжи со отворање на поглавјата. Едноставно не е реалистично да се мисли дека овој чекор може да се избегне и дека процесот на пристапување магично ќе продолжи“, истакна Гир.

Не го губите идентитетот, јазикот, историјата на патот кон ЕУ, потенцираше тој додавајќи дека други земји – членки имале такви уставни заштити вклучени во нивните устави и како пример ја посочи Хрватска.

Евроамабасадорот Гир рече дека не ветува дека повторно ќе се преговара за Договорот до којшто тешко се дојде.

Треба да се случат неколку работи за Северна Македонија да го искористи моментот и новиот импулс за проширување на ЕУ, смета тој.

„Најпрво и најважно Северна Македонија треба да продолжи да демонстрира вистински напредок во реформите. Едноставно нема кратенки во тој дел. Зборовите не се доволни. Земјата мора да ги усогласи своите закони и практики со тие на ЕУ и да ги спорведува овие стандарди. Ова за ЕУ значи дека Северна Македонија е способна да ги преземе обврските од членството. А за Северна Македонија дека може да им конкурира на сите земји – членки на ЕУ на еднакво ниво и да ги искористи бенефициите на членките,“ вели Гир.

Потребно е градење демократски институции. Особено, како што потенцира евроамбасадорот „ова значи важни и видливи активности во борбата против корупцијата вклучително преку развивање на судство и обвинителство кое што ќе одговара на целта, јакнење на Собранието и специјализирани независни институции кои што ќе ја негуваат работата на граѓанското општество и можноста граѓаните да ја реализираат работата“.

Одредени случувања од минатата година, според него, укажале дека реформските процеси во некои клучни области се враќаат наназад и дека тие решиле да зборуваат за неуспесите во овие делови.

„И како што е прикажано во процесите на скрининг се фокусираме на како, каде кој, практични прашања за конкретните чекори што ги превземате“, рече Гир.

Во својот говор тој посочи дека нов имплус на процесот на проширување има како резултат на војната во Украина.

„Не зборуваме за прескокнување на реформи туку за препознавање на различните начини на кои сме поврзани заедно врз основа на вредности, трговија, развој, безбедноста и како заедно можеме да се осврнеме на клучните прашања на денешното време: климатските промени, зелената агенда, мирот и безбедноста., меѓународната конкуренција и трговија, поврзаност, миграција“…, рече евроамбасадорот.

На тркалезната маса зборуваа и претседателот Стево Пендаровски и вицепремиерите Бојан Маричиќ и Славица Грковска.

Дејвид Гир ЕУ членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.