Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

0
By Marija Todorovska on January 20, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2025 13:31

Темерјанов е не само жртва, туку и симбол на храброста на кримските Татари и на сите Украинки и Украинци кои ја бранат слободата на говорот во окупираните територии. Да се послужам со зборовите на Вилен: „Силните луѓе секогаш се појавуваат во тешки времиња.“ Но тоа не смее да остане само негова борба и борба на оние што во моментов се во руските полициски подруми, затвори и логори. Нивната борба е и наша борба, нивната храброст е инспирација за секој слободољубив човек на светот.

Џабир Дерала

Денеска сакам да споделам една сторија со вас. Се работи за новинарот и граѓански активист Вилен Темерјанов од Крим, Украина. По окупацијата на неговиот роден Крим, тој се фокусира на известување за репресијата што ја спроведуваат руските окупатори каде што живее, селото Вилне и пошироко, во округот Џанкој, на Кримскиот Полуостров. Своевремено, тој беше дописник на Grani.ru, интернет медиум забранет во Русија и во окупираните територии од 2014 година. Веб страницата во моментов е неактивна, бидејќи нема услови за нормално функционирање на редакцијата. Вилен е член и на граѓанската организација „Кримска солидарност“.

Вилен Темерјанов

И пред неговото апсење во август 2022 година, по кое тој веќе не се враќа дома, окупациските власти го приведуваат повеќе пати. Еден од тие случаи се бележи во ноември 2021 година, кога бил уапсен во својство на новинар за време на репресијата и апсењата на кримските Татари чиј единствен „грев“ бил во тоа што го поздравиле адвокатот Едем Семедлиаиев со цвеќе по неговото враќање од незаконското притворање.

НОВИНАРИТЕ КАКО ДА СЕ ТЕРОРИСТИ: Темерјанов уапсен поради новинарски и граѓански ангажман

Читателките и читателите сигурно се запознаени со фактот дека во териториите на Украина што се под руска окупација владее постојан страв и репресија, а секоја информација што протекува од тие подрачја упатува и на еден мрачен факт – состојбите се неспоредливо потешки отколку што за тоа може да се дознае. Токму затоа, работата на нашиот колега Вилен Темерјанов и сите како него – е од суштинско значење да се добие што е можно подобра слика за состојбите. Истовремено, луѓето како Вилен се и мета на окупациските власти и озлогласениот ФСБ. Секојдневно, новинарите и активистите се под удар на окупаторите – тие често се приведувани и малтретирани, а некои од нив завршуваат в затвор соочени со бруталност и апсурдни и лажни обвиненија.

Сторијата за Вилен продолжува со упадот на припадниците на руските окупациски сили во неговиот дом на 11 август 2022 година каде што извршиле претрес. Утредента, окупаторите му одредуваат „превентивна мерка притвор“, а потоа лажно го обвинуваат за учество во активности на терористичка организација. Се разбира, единствената „терористичка активност“ на Вилен се состои во тоа што известувал за окупациската репресија врз неговите сограѓани на Крим.

По апсењето, информациите за Вилен се оскудни. Познато е дека Темерјанов е задржан во истражен затвор во Симферопол, при што бил подложен на принуден психијатриски третман што самото по себе е форма на тортура забранета според меѓународното право.

КАЗНЕНА ПСИХИЈАТРИЈА: Ужасна тактика од времето на Советскиот Сојуз

Познато е дека руските окупатори во Украина користат една ужасна тактика од времето на Советскиот Сојуз – казнената психијатрија. Што значи тоа? Доколку одбиете да ѝ се покорите на окупаторската власт, вие добивате ознака „ментално болен“. Тоа повлекува насилно институционализирање и подложување на психијатриски „третман“ со лажни дијагнози врз чија основа потоа „пациентите“ се подложени на тортура со наркотични средства, изолација, псхихолошка тортура, електрошокови и други средства. За жал, руската окупација не познава граници во примена на средства за репресија. Познато е дека дури и деца се подложени на психијатриска тортура во окупираните територии. Имајќи ги предвид овие сознанија, може да се замисли што подразбира психијатрискиот „третман“ на новинарот Темерјанов по неговото апсење во август 2022 година.

За судбината на Вилен Термерјанов се знае и дека тој е префрлен на руска територија на 20 април 2023 година во истражниот затвор во Ростов-на-Дон. Судскиот процес против него и уште петмина Кримски Татари е во тек, и спаѓа во ингеренциите на Јужниот Окружен воен суд. Му се заканува затворска казна до 20 години. Тоа што тој сега се соочува со затворска казна може да значи дека психијатрискиот „третман“ не успеал.

ТЕМЕРЈАНОВ НЕ Е САМ: Повик за ослободување на политичките затвореници

Овие информации ги споделив со моите колешки и колеги во ЦИВИЛ, но немам намера да застанам на тоа. Сакам јавно да го застапувам Вилен и сите негови колешки и колеги од териториите на Украина што ги окупираат руските сили од 2014 година.

Кога мислам на Вилен, мислам и на неговиот роден Крим, што за мене и за многумина низ светот стана симбол на издржливост, но и болка.

Судбината на овој новинар и активист за човекови права ја делат стотици како него, кои ја плаќаат цената на посветеноста кон вистината и правдата. Апсењето и судско-полицискиот прогон на Вилен во август 2022 година е уште еден потсетник за бруталните методи на заплашување и репресија што руските окупаторски власти ги користат против оние кои се осмелуваат да ја обелоденат вистината за окупираниот Крим.

Темерјанов е не само жртва, туку и симбол на храброста на кримските Татари и на сите Украинки и Украинци кои ја бранат слободата на говорот во окупираните територии. Да се послужам со зборовите на Вилен: „Силните луѓе секогаш се појавуваат во тешки времиња.“ Но тоа не смее да остане само негова борба и борба на оние што во моментов се во руските полициски подруми, затвори и логори. Нивната борба е и наша борба, нивната храброст е инспирација за секој слободољубив човек на светот.

Затоа, ги повикувам сите новинари, активисти за човекови права и граѓани на светот да застанат заедно во борбата за ослободување на Темерјанов и сите други кои неправедно страдаат поради својата храброст. Неправдата не може да ги замолчи гласовите, не може да го уништи духот што се стреми кон слобода и правда. Русија мора веднаш да ги ослободи Вилен Темерјанов и сите политички затвореници.

Слободата и вистината ќе победат! Слобода за Вилен! Слобода за политичките затвореници!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Вилен Темерјанов казнена психијатрија Крим новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.