Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласање по пошта

0
By Zoran Ivanov on July 7, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2026 21:17

Последниве денови власта откри нова љубов. Не, не е народот. Не се младите што си заминуваат. Не се земјоделците. Не се ни лекарите што секој месец пакуваат куфери.Туку – дијаспората.

Мартин Богатиноски

ошто токму сега? Што се случи? Дали некој во Владата една вечер се разбудил вознемирен, со испотена маица и со солзи во очите извикал: „Луѓе, не можам повеќе да спијам. Нашите во Минхен немаат лесен пристап до гласачкото ливче!“ Тешко. Политиката не функционира така. Политиката е трговија и никој не вложува ако не очекува добивка.

Во Македонија постои едно правило постаро и од Морган Фриман. А тоа гласи: „доколку политичар ненадејно почне многу да ве сака, прво што треба да направите е да проверите дали случајно се ближат избори“.

Последниве денови власта откри нова љубов. Не, не е народот. Не се младите што си заминуваат. Не се земјоделците. Не се ни лекарите што секој месец пакуваат куфери.

Туку: дијаспората.

Одеднаш, Македонецот што дваесет години вози камион низ Германија, лепи плочки во Италија или работи трета смена во фабрика во Австралија стана најважниот човек во државата. Толку важен што премиерот предлага на претседателските избори во Македонија да може да гласа по пошта.

Убаво звучи, па дури и праведно. Искрено, човек што има македонско државјанство треба да може да гласа без да патува стотици, па и илјадници километри до најблиската амбасада или конзулат.

Но, во Македонија секогаш има едно „но“.

Зошто токму сега? Што се случи? Дали некој во Владата една вечер се разбудил со испотена маица и со солзи во очите извикал: „Луѓе, не можам повеќе да спијам. Нашите во Минхен немаат лесен пристап до гласачкото ливче!“

Тешко. Политиката не функционира така. Политиката е трговија и никој не вложува ако не очекува добивка.

Затоа секогаш кога политичар ќе почне да зборува за принципи, погледнете каде му е есапот. Во Македонија, дијаспората никогаш не била само дијаспора.

Таа е дознака во извештајот на Народната банка. Таа е полн етноресторан во август. Таа е полна чекалница во приватна стоматолошка ординација во Тетово. Таа е германски автомобил паркиран пред селската куќа во Пешталево. Таа е полна торба подароци донесени од Аустрелија. И, се разбира, таа е потенцијален гласач.

Затоа секои четири години одеднаш станува „најважниот дел од нацијата“, а по изборите повторно со помош на магија станува најобичен непознат телефонски број со странски префикс.

И тука се случува најголемата иронија. Политичарите не ги бараат иселениците затоа што им недостигаат, туку ги бараат затоа што им недостигаат нивните гласови.

Да не се лажеме.

Ниту една партија во Македонија не би отворила ваква тема ако проценуваше дека ќе изгуби гласови. Сите зборуваат за демократија, а во себе пресметуваат проценти. Тоа е единствената математика што никогаш не греши.

Ќе гледаме дебати за коверти. Вакви да бидат, такви да бидат. За поштенски марки, за печати, за поштенски рокови… Ќе се формираат експерти за лепило и за форензика на пликови.

Ќе има прес-конференции за тоа дали ковертот патувал преку Виена или преку Будимпешта. Само никој нема да зборува за тоа зошто тие луѓе воопшто заминаа од татковината.

Тоа е непријатната тема. Полесно е да им испратиш гласачко ливче отколку причина да се вратат. Полесно е да организираш гласање по пошта отколку да им овозможиш стабилна држава во којашто нивните деца ќе сакаат да живеат. Полесно е да испратиш коверт отколку надеж.

И токму затоа целата приказна мириса на расипано јајце. Не затоа што гласањето по пошта е лоша идеја. Напротив. Туку затоа што доаѓа од политичари што со години ретко се присетуваат на дијаспората, освен кога треба да ја споменат во предизборен митинг или да ја пребројат во изборна анализа.

Во Македонија љубовта кон иселениците има чуден календар. Најсилна е кога се бројат гласови. Најслаба е кога се бројат причините поради кои тие луѓе заминале.

На крај, можеби треба да бидеме фер и да им пратиме на иселениците две ливчиња.

На првото нека гласаат за партија, а на второто нека одговорат на прашањето: „Зошто заминавте?“

Јасно ми е, тоа второто никој нема да го брои. Таму резултатот однапред се знае.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

гласање дијаспора клумна мартин б огатиновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.