Почеток на седницата да биде во вторник напладне, а гласањето за доверба на Владата на Алексис Ципрас во среда навечер. Ова е предлогот на Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент, што ќе биде ставен на маса на утрешниот состанок со потпретседателите на парламентот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
На брифинг со новинарите, Вуцис соопштил дека премиер Алексис Ципрас му испратил допис во кој го известува дека има намера да побара обновување на довербата од Парламентот.
Расправата за гласање на доверба треба да започне два дена по доставеното барање и да не трае подолго од три дена.