Главниот град на Венецуела, Каракас, ќе им се придружи на голем број градови низ светот, кои во последните денови воведоа рестриктивни мерки за да спречат ширење на коронавирусот.

Каракас и соседната држава Миранда ќе бидат ставени во карантин за борба против епидемијата на коронавирус, напиша на Твитер претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. 

Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека зголемиот број заразени е резултат на илегалниот влез на луѓе во земјата.

Според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс, во Венецуела има повеќе од 10.000 заразени со Ковид-19 и 96 смртни случаи, што е значително помалку отколку во другите земји од Латинска Америка, Перу и Бразил.