Новак Ѓоковиќ, се чини, заврши со одморот меѓу две сезони. Српскиот тенисер објави видео клип на социјалните мрежи што упатува на заклучок дека почна со подготовки за 2019 година.
Тренинг сесијата на најдобриот светски тенисер за годината што изминува е веројатно во Монако, но не е исклучена можноста и да е во Белград со оглед дека во средата беше присутен на „Маракана“ на натпреварот меѓу Црвена звезда и ПСЖ во последното коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампиони.
Првиот настап по паузата за Ѓоковиќ ќе биде на егзибициски турнир во Доха, Катар од 27 до 29 декември. Натпреварувачка премиера во новата сезона ќе има во Доха на АТП турнирот од серијата 250 што почнува на 31 декември и ќе трае до 5 јануари.
Сето тоа во функција на Австралија опен, првиот голем турнир во 2019 година (14 – 27 јануари), на кој Ѓоковиќ ќе атакува на 15 гренд слем титула во кариерата.