Триесет и деветтиот претседател на САД, Џими Картер стана најдолговечен американски претседател, откако го надживеа досега највозрасниот, Џорџ Буш Постариот.
Имено, Буш почина на возраст од 94 години и 171 ден, а Картер денеска има 94 години и 173 дена.
Картер, кој заедно со неговата сопруга раководат со „Картер Центарот“ што се бори за заштита на човековите права, пред неколку години при гостување на една британска телевизија изјави дека „има за цел да живее подолго од гвинејскиот црв“.
„Гвинејскиот црв“ е паразитска инфекција што се добива при користење на загадена вода, а „Картер Центарот“ е ангажиран во напорите за целосно искоренување на оваа болест.