Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Го сакам Водно“ бара дебата со надлежните за гасоводот

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската организација „Го сакам Водно“ бара дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на која, како што велат, јавно ќе ги изнесат нивните агрументи за изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно.

– Бараме ревизија на проектот, постапување на институциите по доставените претставки, нивна меѓусебна соработка, а не изземање од надлежности и неделување, како и одговорност и казнивост за сите пропусти и прекршени законски обврски, порачуваат од „Го сакам Водно“.

Нагласуваат дека, според нив, вчера на диво продолжија градежните активности за изградба на гасоводот преку Водно и оти се работи без почитување на цела листа на прописи и законски обврски. Како дел од пропустите ги истакнуваат немањето ознаки, обележан заштитен појас околу градежните работи, знак за предупредување дека работи тешка машинерија, документација на терен, адекватна униформа и заштитна облека за работниците, мобилни тоалети, ознаки на возилата, соодветен надзор, постојано присуство на противпожарно возило,…

– Се работи на изменета траса, не на проектираната траса и за степенот на измена треба да се утврди дали е во законските рамки на постоечкото одобрение за градење, кое пак самото содржи низа нерегуларности. За сите пропусти, поднесени се претставки до Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Инспекторат на Град Скопје и до МЖСПП. Но, без резултат, велат од Го сакам Водно.

Сето тоа, како што посочуваат, е причината и одговор на прашањето зошто ја попречуваат изградбата на гасоводот со жив ѕид.

– За заканите по живот и наредбата да се гази се пред себе, очекуваме отстранување на тоа лице од понатамошна работа на овој проект, покренување на дисциплинска постапка и транспарентно објавување на целиот процес, да не остане само на декларативно искажани зборови, без преземени акции, потенцираат од „Го сакам Водно“.

Од вчера активистите организирани во „н е низ Водно“ започнаа акција со жив ѕид да спречат натамошни градежни активности на сртот на Водно. За време на вчерашната акција се случи инцидент кога багеристот добил наредба од надредениот “да гази се пред себе“.

Од МЕР го осудија инцидентот и најавија дициплинска постапка за работникот.

гасовод Го сакам Водно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.