Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годишен одмор во ЕУ не може да си дозволат 29 отсто луѓе, во Македонија – 57 отсто

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на „Евростат“. Кај нас во 2018 година, последната за која има податоци на „Евростат“ – 57,5 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 проценти во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор. Меѓу земјите членки на ЕУ, на врвот е Романија во која 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор лани, а по нив следат жителите на Грција – 49 отсто, на Хрватска – 48 отсто, на Кипар – 45 отсто и на Италија – 44 отсто.

Затоа еднонеделен годишен одмор не е, речиси, никаков проблем за жителите на Шведска меѓу кои само 10 отсто не можеле да си го дозволат, за жителите на Данска и на Луксембург – 11 отсто, за жителите на Финска – 12 отсто и за жителите на Германија и на Австрија – по 13 отсто.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дом секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и на Грција, каде е регистрирано зголемување од 4, односно 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирнао во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти и во Бугарија и во Полска по 27 проценти.

Годишен одмор Евростат ЕУ истражување Македонија Можности
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.