Српските параолимпијци што и донесоа шест медали на Србија на Параолимписките игри во Токио, вчера имаа средба со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Србија од Параолимписките игри во Токио се врати со два златни, три сребрени и еден бронзен медал, и со средбата на параолимпијците со Ѓоковиќ беше испратена порака за за важноста на спортот и натпреварувањето и поместувањето на сопствените граници. На крајот од настанот, Новак им порача на параолимпијците „Вие сте херои и инспирација за сите нас“.
„Колку ме инспирирате, драги наши параолимпијци! И покрај сите тешкотии и препреки, вие упорно и неуморно се борите и напорно работите и покажувате дека секогаш постои начин да успееме во она што го зацртавме. Ви благодарам за тоа! Ми беше чест да бидеме домаќини на Србија опен, пишува Новак во својата објава на Фејсбук.
Ѓоковиќ го освои натпреварувањето во 2009 и 2011 година на Србија опен и е фаворит за триумф по трет пат.