Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ по предадениот меч на Ју-Ес опен: Болката трае со недели

0
By Нова ТВ on September 2, 2019 СПОРТ
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ се симна од тронот на Ју-Ес опен. Српскиот тенисер ја заврши одбраната на титулата на гренслемот во Њујорк по принудно предадениот осминафинален меч со Стен Вавринка поради болки во рамото и при водство на Швајцарецот со 6:4, 7:5 и 2:1 во третиот сет.

Најдобриот светски рекет во моментот не искористи брејк можност во петтиот гем од воведниот сет. Вавринка се одбрани, а потоа и успешно го нападна сервисот на Ѓоковиќ за водство во мечот. Српскиот тенисер имаше предност од 4:1 во наредниот сет по што противникот направи пресврт, нов брејк во 11 гем и потврда во наредниот за 2:0.

Во паузата меѓу вториот и третиот гем, Ѓоковиќ побара медицински тајм аут, собра сили за уште три гема и по час и 46 минути реши предвреме да му подаде рака на 23. носител на турнирот.

„Болката трае со недели. Некогаш е посилна, некогаш послаба. Жалам за публиката која сакаше да гледа цел меч, но едноставно не можев да продолжам“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Неговата одлука да се предаде беше проследена со свирежи од трибините на што истакна дека не се чувствува навреден.

„Не е никаква тајна дека цел ми е да освојам најмногу гренслем титули, да го достигна рекордот на Федерер. Но, истовремено сум свесен дека тоа е долг пат. Се надевам дека ќе може да играм уште неколку години. Не го гледам крајот и најважно ми е да го сочувам телото“, заврши Ѓоковиќ кој се очекува да се врати на АТП турнирот во Токио ако рехабилитацијата оди по план.

Нареден ривал на Вавринка во Њујорк ќе биде Русинот Данил Медведев кој во четири сета го елиминира Германецот Кепфер со 3:6, 6:3, 6:2, 7:6.

Резултати од осминафиналните мечеви на Ју-Ес опен

Мажи

Вавринка (23., Швајцарија) – Ѓоковиќ (1., Србија) 6:4, 7:5, 2:1 / Ѓоковиќ го предаде мечот

Федерер (3., Швајцарија) – Гофан (15., Белгија) 6:2, 6:2, 6:0

Медведев (5., Русија) – Кепфер (Германија) 3:6, 6:3, 6:2, 7:6

Димитров (Бугарија) – Де Минаур (Австралија) 7:5, 6:3, 6:4

Жени

Ванг (18., Кина) – Барти (2., Австралија) 6:2, 6:4

Конта (16., В. Британија) – Ка. Плишкова (3., Чешка) 6:7, 6:3, 7:5

Свитолина (5., Украина) – Киз (10., САД) 7:5, 6:4

С. Вилијамс (8., САД) – Мартиќ (22., Хрватска) 6:3, 6:4

Ју-Ес опен Новак Ѓоковиќ Стен Вавринка тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.