Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Скандирањето Оле, Оле го претворив во глава во Ноле, Ноле

0
By Нова ТВ on September 10, 2018 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ одново е централна вест во тенискиот свет, Новак Ѓоковиќ додаде уште еден, вкупно 14, гренслем трофеј во богата колекција. Го освои по победата во финалето на Ју-Ес опен над Хуан Мартин дел Потро со 6:3, 7:6, 6:3 по три часа и 15 минути игра.

„Минав низ тешки моменти, операции, проблеми со лактот. Затоа разбирам низ што минува Хуан Мартин. Од секоја ситуација кога сте долу, кога не е лесно, ќе научите нешто. Постојано се обидував да извлечам најдобро од себе и да продолжам по патот до оваа позиција на која сум денеска. Сето тоа со поддршка од саканите, децата, сопругата, мојот тим и сите што беа крај мене кога беше најтешко“, почна Ѓоковиќ во интервјуто по третата победа во Њујорк.

По бројот на гренслем титули сега е израмнет со Пит Сампрас кој токму на Ју-Ес опен во 2002 година го подигна последниот пехар на турнир од големата четворка.

„Се надевав дека ќе биде тука, тој е мој идол. Честитки, сепак, до Дел Потро кој веруваше во себе и по сите проблеми со кои се соочи успеа да се врати во светскиот врв. Финалето на моменти изгледаше како фудбалски натпревар по атмосферата на трибините. Навивачите беа извонредни и не ја преминаа линијата на почитување“, продолжи Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во Њујорк покажа дека не е старо железо иако зенитот во кариерата е зад него. Ниту дека лесно ќе потклекне пред налетот на новата генерација на тенисери. Беше упорен и фокусиран на работата што најмногу ја сака. Како причини за „враќањето на кралот“, како што го опишаа некои медиуми, се три. Операцијата на лактот во Швајцарија во февруари, враќањето на Маријан Вајда во тимот и релаксирачкиот одмор со семејството во планина во Франција се пресудни за будењето на шампионот.

„Ако по операцијата на лактот во февруари некој ми речеше дека ќе победам на Вимблдон, на Ју-Ес опен ив во Синсинати, тешко дека ќе поверував. Но, истовремено дел од мене постојано замислуваше дека наскоро ќе успеам да се вратам на посакуваното ниво“, нагласи српскиот тенисер.

По разделбата со Борис Бекер и прекинот на експериментот со Пепе Имаз, тој реши да се обрати кај Маријан Вајда. И не погреши. Донесе правилна одлука што се потврди на трите големи турнири што и самиот ги посочи.

„Пред десетина години можеби ќе речев дека не сум среќен како дел од ерата во која играат и Рафаел Надал и Роџер Федерер. Меѓутоа денеска ќе речам дека сум навистина среќен. Ривалството и мечевите со нив од мене направија тенисер каков сум. Исклучително го почитувам тоа то го постигнаа на терен и надвор од него. Имам чувство како еден со друг низ секој меч ги поместувавме границите“, објаснува Ѓоковиќ.

Решение пронајде и во одлуката да се исклучи од тенисот на некое време. Со сопругата Јелена отпатува на петдневно планинарење во Франција за кое тврди дека по тричасовно искачување во една прилика се искристализирале работите во неговата глава кога се загледал во планината Сент Виктоар.

„Ги согледавме работите од поинаква перспектива. Пронајдов нова мотивација. Размислував какви емоции буди тенисот во мене. И заклучив дека сите се позитивни. Како повторно да вдишав тенис“, открива новиот победник на Ју-Ес опен.

Ѓоковиќ во Њујорк го одигра 23 гренслем финале во кариерата. За победата доби чек на 3,8 милиони американски долари, а со освоените бодови скокна до третото место по Надал и Федерер на ранг листата што денеска ја објави АТП.

Ју-ЕС опен (м)

Финале: Ѓоковиќ (6., Србија) – Дел Потро (3., Аргентина) 6:3, 7:6, 6:3

Ју-Ес опен Новак Ѓоковиќ тенис финале Хуан Мартин дел Потро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.