Тенис: Дел Потро се повлече од Австралија опен, Мареј слави прва победа по септември

Аргентинецот сè уште не е доволно опоравен од фрактурата на чашката на коленото (патела) поради што мораше да ги извести организаторите дека нема да настапи на гренслемот во Мелбурн. Британецот во рамки на првото коло на АТП турнирот во Бризбејн го совлада домашниот тенисер Џејмс Дакворт со 6:3, 6:4

Ѓоковиќ: Скандирањето Оле, Оле го претворив во глава во Ноле, Ноле

Српскиот тенисер додаде уште еден, вкупно 14, гренслем трофеј во богата колекција по победата во финалето на Ју-Ес опен над Хуан Мартин дел Потро со 6:3, 7:6, 6:3 по три часа и 15 минути игра. За „будењето на шампионот“ како што некои медиуми го опишаа неговиот успех во Њујорк се пресудни три причини - операцијата на лактот во Швајцарија во февруари, враќањето на Маријан Вајда во тимот и петдневното планинарење со сопругата Јелена во Франција

Тенис: Дел Потро и А. Зверев по финале во Акапулко

Аргентинецот, рано утринава, во четврт-финалето го совлада Доминик Тим со 6:2, 7:6, а Германецот претходно триумфира над Рајан Харисон од САД со 6:4, 6:1. Втората полуфинална двојка со оформија Кевин Андерсон и Џеред Доналдсон

Ју-Ес опен: Плишкова „преживеа“, во осминафинале и Дел Потро

Чешката тенисерка спаси меч топка во вториот сет, имаше 0:2 во решавачкиот и спасуваше брејк за 0:3, но успеа да се извлече од непријатната ситуација на „Артур Еш“ и на крајот да слави против кинеската ветеранка, Шуаи Жанг со 3:6, 7:5, 6:4. Шампионот во Њујорк од 2009 година во третото коло подобар од ШШпанецот Баутиста Агут со 6:3, 6:3, 6:4