Прв настап во Токио и прва титула. Новак Ѓоковиќ е победник на тенискиот турнир од серијата 500 во јапонскиот град, откако во финалето славеше над Австралиецот Џон Милман со 6:3, 6:2 и утре ја почнува 272 недела како водечки на АТП ранг листата.
„За првпат играв во Токио и беше неверојатно искуство и на теренот и надвор од него. Направивте да се чувствувам како дома. Едвај чекам да се вратам догодина на Олимписките игри“, рече Ѓоковиќ по победата во финалето.
Ѓоковиќ има олимписка бронза од Игрите во Пекинг во 2008 година, во Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година не успеа до одличје, па Токио ќе биде биде, можеби, последна шанса за него за злато.
Турнирот во Токио беше прв за српскиот тенисер по повредата на Ју-Ес опен и од таму се враќа со четврти трофеј во 2019 година по Австралија опен, Вимблдон и Мастресот во Мадрид.