Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Знам што да правам за враќање на вистинската форма и игра

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со нови победнички чекори за доближување до меѓусебен судир во полуфиналето на Вимблдон. Двајцата тенисери не дозволија да останат подолго од три сета на терен во мечевите од второто коло на гренслемот во Лондон. Четвртиот светски рекет го порази Чехот Адам Павлашек со 6:2, 6:2, 6:1, а Швајцарецот го доби Душан Лајовиќ со 7:6, 6:3, 6:2.

„Првпат оваа година играв на теренот број 1 кој е поинаков од централниот. Не беше лесно бидејќи игравме под висока температура што прави проблеми особено при подолгата размена на удари какви што имавме доста во вториот сет. Од почеток успеав да наметнам свој ритам и план. Како одминува време се чувствувам сè подобро. Знам што треба да правам секој ден за да дојдам до вистинската форма и игра.

Нареден ривал на Ѓоковиќ ќе биде Ернест Гулбис, 589 тенисер во светот. Понесен од еуфоријата во неговата земја во последниот месец по успехот на Јелена Остапенко на Ролан Гарос, тој приреди сензација со триумф над Хуан Мартин дел Потро и тоа без загубен сет (6:4, 6:4, 7:6). Федерер, пак, во третото коло ќе игра против Михаил Зверев.

Елиминацијата на Дел Потро, сепак, не беше единственото изненадување на Вимблдон во четвртиот натпреварувачки ден. Настапот на машкиот турнир го завршија и Американците Џек Сок (17 носител) и Џон Изнер 23 носител).

Фото: wimbledon.com

Неочекувани резултати и на женскиот дел од турнирот. За најголемото се погрижи словачката тенисерка Магдалена Рибарикова која во три сета, со 3:6, 7:5, 6:2, ја совлада Каролина Плишкова, трета носителка меѓу девојките. Алисон Риске од САД, исто така во три сета, славеше над Кристина Младеновиќ (12 носителка).

Второто коло беше последно на Вимблдон 2017 за уште две носителки. Естонката Контавеит ја порази Касаткина од Русија (29) со убедливи 6:3, 6:2, а Роџерс со 7:6, 4:6, 6:3 ја „спакува“ Луси Сафарова.

Комплетни резултати на Вимблдон од натпреварувачки ден 4

МАЖИ, 2 КОЛО

Ѓоковиќ (2., Србија) – Павлашек (Чешка) 6:2, 6:2, 6:1

Федерер (3., Швајцарија) – Лајовиќ (Србија) 7:6, 6:3, 6:2

Раониќ (6., Канада) – Јужњи (Русија) 3:6, 7:6, 6:4, 7:5

Тим (8., Австрија) – Симон (Франција) 5:7, 6:4, 6:2, 6:4

А. Зверев (10., Германија) – Тифо (САД) 6:3, 6:4, 6:3

Бердих (11., Чешка) – Харисон (САД) 6:4, 6:3, 6:7, 6:3

Димитров (13., Бугарија) – Багдатис (Кипар) 6:3, 6:2, 6:1

Монфис (15., Франција) – Едмунд (В. Британија) 7:6, 6:4, 6:4

Офнер (Австрија) – Сок (17., САД) 6:3, 6:4, 3:6, 2:6, 6:2

Села (Израел) – Изнер (23., САД) 6:7, 7:6, 5:7, 7:6, 6:3

Рамос Винолас (25., Шпанија) – Рублев (Русија) 7:5, 6:7, 4:6, 6:3, 6:4

М. Зверев (27., Германија) – Кукушкин (Казахстан) 6:1, 6:2, 2:6, 3:6, 6:4

Гулбис (Летонија)  Дел Потро (29., Аргентина) 6:4, 6:4, 7:6

Доналдсон (САД) – Лоренци (Италија) 6:4, 7:6, 6:7, 6:2

Манарино (Франција) – Сугита (Јапонија) 6:1, 5:7, 4:6, 7:6, 6:2

Ферер (Шпанија) – Дарсис (Белгија) 3:0 – Дарсис го предаде мечот

ЖЕНИ, 2 КОЛО

Кербер (1., Германија) – Флипкенс (Белгија) 7:5, 7:5

Рибарикова (Словачка) – Ка. Плишкова (3., Чешка) 3:6, 7:5, 6:2

Возњацки (5., Данска) – Пиронкова (Бугарија) 6:3, 6:4

Кузнецова (7., Русија) – Макарова (Русија) 6:0, 7:5

А. Радванска (9., Полска) – Мекхејл (САД) 5:7, 7:6, 6:3

Риске (САД) – Младеновиќ (12., Франција) 2:6, 6:4, 6:4

Мугуруза (14., Шпанија) – Викмаер (Белгија) 6:2, 6:4

Башински (19., Швајцарија) – Кучова (Словачка) 6:1, 6:0

Вандевеј (24., САД) – Марија (Германија) 6:4, 6:2

Контавеит (Естонија) – Касаткина (29., Русија) 6:3, 6:2

Роџерс (САД) – Сафарова (32., Чешка) 7:6, 4:6, 6:3

Херцог (Словенија) – Лепченко (САД) 6:7, 6:2, 6:2

Дијаз (Казахстан) – А. Родионова (Австралија) 6:4, 7:6

Мартиќ (Хрватска) – Алертова (Чешка) 6:1, 6:4

Цуренко (Украина) – Голубиќ (Швајцарија) 6:1, 2:6, 6:3

Кирстеа (Романија) – Матек Сандс (САД) 4:6, 7:6 – Матек Сандс го предаде мечот

Вимблдон Новак Ѓоковиќ Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

ВЕСТИ October 31, 2025

Студентите упатија повик до сите граѓани на Србија да се приклучат на 1-ви ноември во…

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.