Во комплексот Европа-Центар, еден од најголемите знаменитости на Берлин, изби пожар.На друштвените мрежи се шират фотографии и снимки на кои се гледа дека од висококатницата се издига огромен пламен и чад.
Според информациите на германските медиуми, гори покривот на историската зграда изградена во 6п-тите години од минатиот век, висока 103 метри.
Пожарникарите веќе се пристигнати, а за причините за пожарот засега само се нагаѓа.
На покривот на зградата е голем знак на Мерцедес, тежок 15 тона. Билд пишува дека причината за пожарот би можела да биде проблем во клима-апаратите.
Сведоците кои се на местото, наведуваат дека пожарот е веќе изгаснат, но се уште нема официјална потврда.