Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голема полициска акција – приведени 29 лица меѓу кои и екс директори на РЕК Битола меѓу нив екс генералниот Васко Ковачевски

0
By Zoran Ivanov on December 10, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осомничени за организирање на злосторничко здружение за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што е нанесена штета од 6,5 милиони евра, се 29 лица.

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата, е едно од звучните имиња опфатени во денешната акција на МВР, за откривање на повеќе дела поврзани со епскиот криминал во РЕК Битола, во ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, за кој се говори подолго време.

Со мега акцијата на МВР се опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Плусинфо дознава кои лица се осомничени.

Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, на списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.

Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола.

Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.

Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.

Како организатор на злосторничкото здружение е осомничено лицето Данчо Стојановски од Велес, кој бил комерцијален директор на ЕСМ пред Муча. Во потрага по докази, отворени се два сефа на Данчо Стојановски.

Како организатор е осомничена и Маја Јорданова од Велес, во својство на носител на договорот за адитивите. Името на оваа велешанка вработена во АД Пошта, сопственичка на приватна компанија без ниту еден работен, прв пат во медиумите се спомна во врска со милионска зделка за адитиви од Италија за државната ЕСМ, што ја добила како единствен понудувач.

Данчо Стојановски и Маја Јорданова се братучеди.

Со акцијата е опфатен и Небојша Стојановиќ од Неготино, исто така како организатор. Тој е поранешен директор на ТЕЦ Неготино. И неговото име се вртеше во медиумите, поради една поголема зделка што ја склучила фирма на неговата сопруга Милица со РЕК Битола, каде како потписник од другата страна се јавува осомничениот битолчанец Пеце Матевски.

Небојша Стојановиќ, брат му Ранко, татко му Мирко и жена му Милица се осомничени и за перење пари. Таму каде што е докажано дека постои кривичното дело Перење пари, ќе се бара средствата да се замрзнат.

 

рек битола васко ковачевски уапсени уапсени рек битола ковачќевски васко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.