Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици вечерва околу 18:00 часот го зафати струмичко Ново Село.

Според изјави на мештаните, градот паѓал околу 15 минути, а вакво невреме – со сув град – е невообичаено за овој период од годината.

Автомобилите претрпеле најмногу штета од зрната град.