Џанлуиџи Буфон ја одбра наредната дестинација во кариерата. Италијанската голманска легенда ќе брани за ПСЖ во наредните две години. Официјалната негова промоција е закажана во понеделник во Париз. За ангажманот ќе наплати вкупно 14 милиони евра што е двојно повеќе од заработувачката што ја имаше во Јувентус.
Во наредниот период, покрај примарната работа, Буфон прифати да биде и амбасадор на Светското првенство во Катар во 2022 година. Тоа впрочем беше поставено како услов во договорот со „светците“ чии сопственици се катарски шеици. Италијанецот на крајот на сезоната се раздели со Јувентус по 17 години меѓу стативите на „старата дама“. Претходно во кариерата бранеше уште и за Парма.