Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Горат“ Скопје и Македонија: Вардар ќе игра во групи во Лига Европа

1
By Нова ТВ on August 24, 2017 ВЕСТИ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија, конечно, го доби првиот свој претставник во групна фаза во европско клупско фудбалско друштво. Вардар ќе биде дел од утрешната ждрепка за главната фаза во Лига Европа по вечерашниoт триумф со 2:1 против Фенербахче на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул во плеј-оф реваншот за второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Голот за реализација на фудбалски сон на целокупната домашна јавност беше дело на Грузиецот Џамбул Џигаури во 68 минута како одговор на водечкиот на Нојштатер во 61., но и за празнење на трибините на стадионот на Фенербахче. Точка на историскиот сон стави Никола Глигоров во првата минута од судиското продолжение.

Со ова продолжија и убавите спомени за македонските клубови во европските пресметки со турските. Победа во 2001 година го елиминира Ризеспор во тогашниот Интер-тото куп, Работнички во 2015 година со голот на Кире Маркоски го исфрли Трабзонспор во рамки на Европа лигата за традицијата да кулминира со големиот успех на Вардар во двомечот со Фенербахче.

Влез со златни букви во македонската клупска фудбалска историја вечерва обезбедија Филип Гачевски, Џамбул Џигаури, Стефан Спировски, Дејан Блажевски, Тигран Барсегјан, Дарко Велковски, Ховханес Хамбарѕумјан, Бобан Николов, Јевгени Новак, Хуан Фелипе, Владица Брдаровски, Игор Алексовски, Висар Мислиу, Дамир Којашевиќ, Никола Глигоров, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Итало Хозе Оливеира дош Сантош. И, секако, Чедомир Јаневски кој ја презеде екипата на два дена пред првиот дуел со Фенербахче.

Фенербахче – Вардар 1:2 (0:0)

Стадион: „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Гледачи: 30.000. Гл. судија: Даниел Стефански. Асистенти: Марсин Бониек и Давид Игор Голис (сите тројца од Полска). Ж. картони: Нојштатер (Фенербахче). Стрелци: Нојштатер 61′ за Фенербахче; Џигаури 68′, Глигоров 90’+1′ за Вардар.

Фенербахче (формација 4-4-2): Камени – Којбаши, Шкртел, Нојштатер, Исла – Валбуена, Топал (Косе 75′), Туфан, Дирар – Потук (Чахечухе 44′), Ван Перси (Солдадо 58′). Менаџер: Ајкут Кочаман.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Брдаровски, Велковски (Глигоров 73′), Новак, Хамбарѕумјан – Спировски, Николов – Блажевски (Муслиу 62′), Џигаури (Којашевиќ 84′), Фелипе – Барсеган. Менаџер: Чедомир Јаневски.

Вардар Лига Европа Плеј-оф Фенербахче фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.