Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчев: Кој од власта му кажал на Боки 13 дека има истрага за него?

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 20, 2019 14:35

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на прес конференција во седиштето на партијата упати неколку прашања до власта поврзани со случајот „Рекет“, односно, како што рече за милионите евра изнуда.

„Овие неколку прашања кои треба да ги одговори Зоран Заев, неговите министри и прашања коишто треба да ги одговорат најблиските соработници. Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Прашањето е дали навистина тие зборови се зборови коишто ги кажал Зоран Милески – Кичеец? За овие зборови чекаме потврда дека тоа е од судењето на Кичеец. Прашањето е дали е ова веродостојно сведочење и дали се ова зборовите на Зоран Милески? Па по тоа дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски во врска со истрагата на МВР, дека тој е всушност осомничено лице“, порачува тој.

Ѓорчев јавно прашува: „Кој му доставил информации на Бојан Јовановски дека има истрага против него“?

„Ако е навистина така, тогаш се наметнуваат и други прашања, дали и колку пати Зоран Заев се среќавал со Бојан Јовановски и Зоран Милевски? Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски? Ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори? Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето на Зоран Милески, тогаш Зоран Заев и неговите министри треба да одговорат на сите овие прашања“, порача тој.

Боки 13 Ѓорчев Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.