Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓи Лазаревски за НОВА: Ова е голема сатисфакција за нас

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, свиркачите, кои ја открија аферата со прислушувањето на претходниот режим, од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. Тие се враќаат на работни места во УБК.

Ѓорѓи Лазаревски за НОВА изјави дека за нив ова е голема сатисфакција.

-Симболички е важно пак да сум таму каде што припаѓам . Од работа бев изваден со лисици и обвинување дека сум го оцрнил образот на службата. Сега е јасно дека јас сум го направил тоа што налагала мојата совест да го сочувам дигнитетот и образот на таа служба, изјави Лазаревски.

Информацијата дека двајцата „невидливи херои“ кои го открија најмасовното прислушување до сега, ја објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Лазаревски е сведок во предметот на СЈО за прислушувањето „Таргет Тврдина“, каде откри детали за тоа колку време му било потребно да открие што се случува зад ѕидовите на УБК, со какви закани се соочувал и кој се бил прислушкуван од блиското опкружување на обвинетите за аферата.

Заедно со Костовски ја открија аферата за најмасовно прислушување во Македонија.

Лазаревски 11 месеци беше во притвор. Тој беше човекот кој работел во службата, сведок е на злоупотребите од огромни размери на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.

-Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно, изјави најпознатиот македонски свиркач Ѓорѓи Лазаревски за НОВА, лани во август.

 

афера бомби Костовски Лазаревски МВР прислушување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.