Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар и од полноќ ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 75,50 ден/лит, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 77,50 ден/лит.

Од полноќ за 2,50 денари поскапува и дизелот. Новата цена изнесува 67,50 ден/лит.

Поскапување за 2,50 денари ќе има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена од полноќ.