Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гоцевски: Македонија направи многу во делот на воената одбрана, но промаши кај цивилната, таа треба да биде под државен авторитетен орган

0
By Marija Todorovska on May 8, 2024 ВЕСТИ
Foto: Sloboden Pecat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 8, 2024 12:45

На прашањето – Дали ние сме сега добро позиционирани и дали треба да бидеме поспокојни како држава? Проф. д-р Трајан Гоцевски потврдува. 

„Да, Македонија изради концепт, од 1992 година кој што се поклопува со модерниот свет, Европа пред се, и преку НАТО во таа евроатланстска безбедносна зона, а тоа значи системот на одбрана содржи две компоненти, воена одбрана-воена компонента и втората е цивилна компонента, или цивилната одбрана. Во делот на воената одбрана, Македонија направи многу, односно од 1992 година, со одредени осцилации го задржа правецот, а промашивме кај цивилната одбрана, која ја извадивме од Министерството за одбрана и  не ја приклучивме кон ниту еден државен авторитетен орган. И што се случи , ние ги распарчивме капацитетите, се повеќе имаме закани во цивилниот дел,“ истакна Гоцевски, член на Советот за безбедност,  во интервју за Слободен печат ТВ, а во соработка со Цивил медиа. 

Тој посочува дека воената одбрана  ги градела своите капацитети и со влезот о  НАТО се покажало  дека имаме апсолутно вградени механизми, правила, процедури итн, кои се по најсовремен терк и се  вклопуваат во тој безбедносен систем на одбрана какои и тоа е големата предност на Македонија.

„А во цивилниот дел што се случува, кога имаме поголеми елементарни непогоди, нашиот систем го водат одредени агенции, заштита и спасување, дирекции итн, можеби луѓето се стручни, но капацитетите се раздробени и немаат ресурси, немаат авторитет и неможат да имаат технологија со која ќе одговорат на тие непогоди. И тогаш посегнуваме по армијата. Ние сега кога имаме непогоди, ја викаме армијата, но што се случува, таа не гради капацитети, тоа не е нејзина мисија, и се троши во човечки ресурси и дејности кои не се нејзини примарни дејности,“ вели Гоцевски.

Според Гоцевски треба да има авторитетен државен орган кој ќе го води тоа. Тој додава дека нај логично е таа да биде под Министерството за одбрана или пак Министерството за внатрешни работи. Како и дека тоа како прашање било покренато и одпретседателот Пендаровски, но со оглед на кризите кои  се случуваа, немало можност да се расправа за такви клучни работи. И таа тема останала отворена. 

Во НАТО земјите членки, воената компонента а тоа е армијата се вклопува во тој дел, а  цивилната компонента се вклопува во цивилниот менаџмент  кој е еден од столбовите на НАТО.

воена одбрана МВР НАТО Трајан Гоцевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.