Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје: Налепници за возилата кои загадуваат

1
By Нова ТВ on November 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На возилата ќе се лепат  налепници при технички преглед со цел да се утврди кое возило колку загадува и по потреба да биде исклучен од сообраќајот.

Ваквата мерка ја најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов по средбата со градоначалниците на скопските општини, министерот за животна средина и преставничката на Програмата за развој при Обединетите нации на која се разговараше за мерките за намалување на загаденоста на воздухот.

„На технички преглед се оди секоја година, и сега некаде се мери количината на издувни гасови, а некаде не. Со ова сакаме тоа да биде задолжително и врз основа на тоа возилото да се категоризира и да се мапира…да добијат соодветна еко налепница, која ќе има соодветна боја, за да можам како градоначалник административно да забранам движење во одреден период на оние возила што најмногу загадуваат, на пример оние со црвена налепница“, изјави Шилегов.

Шилегов надополни дека град Скопје и МВР подготвуваат законски измени со кои што при технички преглед на возилата, ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат возила и врз основа на тој параметар ќе добијат соодветна еколошка налепница која ќе покажува кој автомобил колку придонесува во загадувањето.

Како што појасни градоначалникот на Скопје, анализата и категоризацијата на возилата по испуштањето на штетните гасови  се прави согласно правилата на Европската комисија.

Шилегов напомена дека очекувањата се до крајот на 2017 година да се донесат потребните законски измени, а до крајот на наредната година да бидат мапирани и обележани сите возила.

аерозагадување возила Етикети налепници Петре Шилегов технички преглед
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.