Град Скопје со реакција: На в.д. директорот на ЈСП му истече мандатотДосегашниот вршител на должноста Директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски нема поднесено оставка туку му престанал мандатот како вршител на должноста директор, соопштуваат од Град Скопје.
„Постапката за избор и именување на нов В.Д. Директор на ЈСП е во тек. На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените“, додаваат во соопштението од Град Скопје.
Илиевски е втор директор од тимот на градоначалничката Арсовска кој си заминува од функцијата, додека во претпријатието од утрово веќе се споменуваат имиња за тоа кој ќе биде нов директор на неговото место.
Илиевски поднесе оставка од директорското место во ЈСП по само пет месеци