Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градбата кај Мајчин дом е стопирана на 15 дена поради неправилности

1
By Нова ТВ on October 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин соопшти дека издал решение за запирање на градбата на зградата кај Мајчин домво траење од 15 дена, поради неправилности констатирани од инспектор.

Тој информира дека инспекторот денеска излегол на терен и направил записник и го изготвил решението.

-Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом, изјави Марин, на прес конференцијата денеска.

Тој додаде дека презема иницијатива за решавање на проблемот со разговор со граѓаните, со инвеститорот и со Градот Скопје и оти во петок закажал вонредна седница на Советот на општина Аеродром, на која ги повикува да присуствуваат граѓанските организации и сите засегнати граѓани да присуствуваат на седницата и „да бидат дел од процесот“, вели тој.

Вчера жители на населбата Аеродром одржаа протест и го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански во знак на револт бидејќи продолжиле градежните работи на објектот кај „Мајчин дом“ и покрај ветувањата од градоначалникот дека тоа нема да се дозволи.

Жителите велат дека иако градоначалникот Златко Марин во предизборието им ветувал дека доколку биде избран ќе го стопира овој проект, тоа не се случило и продолжило уништувањето на зеленилото.

Вчера Марин ги образложи причините порад кои не може да се запре градбата, истакнувајќи дека ќе се чека одлуката на Уставниот суд каде се поднесени претставки.

На социјалните мрежи и денеска има повици за протестите, откако жители на Аеродром споделуваат видеа за кои велат дека инвеститрот и утринава продолжил со градежните активности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.