Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градежните работници бараат посебна комисија за нивните права

0
By Сашка Цветковска on November 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 19, 2017 19:56

Градежните работници се една многу голема армија за којашто до денес никој не води сметка, рече еден од работниците.

Независниот синдикат на градежните работници бара од Министерството за труд и социјална политика да формира посебна комисија за правата на градежните работници, рекоа работниците-членови на овој синдикат на денешната прес конференција.

Сите работници воопшто се обесправени, но во градежниот сектор се најобесправените. Ние сме една многу  голема армија од луѓе за коишто до ден-денешен никој не води сметка, велат тие.

„Зиме или лете, на – 15 или на + 50 ние мора да работиме, а стари луѓе сме, под  60 години веќе речиси и нема работниц, вели Добре Михајловски, градежен работник.

Според овој синдикат, во Македонија има над 10 илјади градежни работници. Во врска со кршењето на нивните права, тие институционална поддршка и правда, функцонирање на инспекциите, наместо спреги со градежната мафија и конечно воспостување ред во овој сектор кој ќе им гарантира здравствено осигурување, поголеми плати и најважното од се – безбедност.

Проблемите во сферата на заштитата и безбедноста при работа се забележуваат како исклучително проблематичн и нехумани во секој извештај за напредок на земјава на Европската комисија, но освен во усвојувањето на закони, друг напредок нема. Во прилог на ова одат и статистиките на Здружението за заштита и безбедност при работа кои велат дека секој осми ден во Македонија гине по еден градежен работник на своето работно место. Здружението со години укажува дека дури и статистиките на институциите се разликуваат од нивните во однос на смртноста, бидјеќи тие не вбројуваат многу гранки, како што се рударството и транспортот.

Синдикатот на градежници при ССМ со години во своите извешти бележи дека најголемата кочница за спроведување на законите во праска се државните инспекции кои се во корупциски спреги со дел градежниците, кои пак, се во спрега со политичарите на власт.

Поврзана сторија од архивите на НОВАТВ : Документарен филм „Работнички права“ од серијалот „Владеење на правото: основно човеково право или привилегија“

 

Владеење на правото – Работнички права

 

градежна мафија Градежни работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.