Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот на Охрид до газдите на диви плажи: Повеќе нема да бидете над законите

0
By Sashko on June 9, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески најостро ги отфрли тврдењата на поранешените концесионери на плажите дека не добиле известување за отстранување на бесправно поставената опрема и објекти, како и дека имале платено закуп на просторот заклучно со 2021 година.

– Решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување на објектите од страна на Општина Охрид е доставено до фирмата пред десетина дена, вели Георгиески, притоа потсетувајќи дека јавноста преку медиумите неколку наврати беше информирана за целиот процес, со најава дека ќе следуваат активности за отстранување на плажите во градската зона и дека нема да има никаква селективност во постапките.

Во врска со изјавите на дел од концесионерите дека бил изнајден начин за подмирување на закуп на земјиштето и дека имале платено кирија до 2021 година, Георгиески вели дека тоа е целосна лага, односно дека се работи за присилна наплата согласно закон и по основ на Судска пресуда по признание за стекнување без основ, со извршно решение.

– Се работи за минимален износ на наплатени средства кој е значително помал во споредба со износот кој би бил наплатен за реален закуп односно концесија на земјиштето. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено објавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото, вели тој.

Наместо да даваат, како што рече, паушални изјави со кои сакаат да ја извртат вистината во своја корист, тој ги повика поранешните закупци на плажи да разберат дека времето на незаконско работење на плажите е истечено како и оти нивните бизнис интереси повеќе нема да бидат над законите и интересите на Охрид.

Константин Георгиески концесија Македонија Охрид плажи уривање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.