Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов в петок ќе ја посети Атина на средба со атинскиот градоначалник Јоргос Каминис.
Како што информираа од Град Скопје, Шилегов в петок ќе се сретне со Каминас по што ќе имаат прес-конференција.
Градоначалникот Каминис го поканил македонскиот колега во официјална посета на грчкиот главен град, во екот на преговорите за името.
Посетата се смета за дел од тековните напори за засилување на соработакта меѓу двата града и размена на знаења и искуства.