Манчестер С. барем до наредното коло во Премиерлигата ќе биде најблиску до Челзи на табелата. „Граѓаните“ го совладаа Борнмут со 2:0 во последниот натпревар од 25 коло и се вратија на второто место во англиското фудбалско првенство. Гостите од „Етихад“ не блескаа меѓутоа, за разлика од домаќинот, ги искористи своите шанси и ги понесе со себе трите бода.
Стрелци за Сити на југоистокот на Англија беа Стерлинг во 29 минута и Мингс (автогол) во 69 минута. Тимот на Пеп Гвардиола сега има осум бода помалку од лондонските „сини“ и во моментот, се чини, се најсериозен противкандидат за шампионската титула. Тотенхем и Арсенал имаат по 50 бода на третото, односно, четвртото место, Ливерпул е петти со 49, Манчестер јунајтед шести со 48.