Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните недоволно информирани за Законот за заштите на укажувачите

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2017 13:26

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Транспаренси Интернешенал-Македонија (ТИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка за примена на Законот за заштита на укажувачите, поддржан од ЕУ и Амбасадата на Холандија, а е во рамки на проектот „Зајакнување на националниот систем на интегритет во замјите од Западен Балкан и Турција и следење на развојот на антикорупциските реформи.

Слаѓана Тасева од ТИ-Македонија рече дека со оваа соработка граѓаните ќе се информираат за можностите што ги нуди Законот за заштита на укажувачите.

– Овој Закон го имаме две години и недоставува негова имплементација, а граѓаните не се информирани за можностите што ги нуди законот. Бидејќи ДКСК е задолжна да ја следи примената на Законот и да известува во Собранието на РМ, сметавме дека е најсоодветно Транспаренси Македонија и Антикорупциската Комисија да соработуваат како најодговорни за спроведување на овој закон, истакна Тасева.

Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски појасни дека оваа соработка со Невладините организации претставува една од заложбите на ДКСК кои, како што рече, Антикорупциска веќе почнала да ги остварува.

На прашањето дали има корупција во зголемувањето на патните трошоци на пратениците, Тантуровски рече дека Антикорупциска нема влијание во одредување на нивните трошковници. Информира дека ДКСК работи на дискреционите овласувања што ги имаат државните органи и рече дека во иднина ќе се бара сите наоди да бидат вклучени во незаконските решенија. Претседателот на Антикорупциска појасни дека дискрециските овластувања претставуваат мерки што на именуваните лица им се дозволени да ги прават по нивно наоѓање.

Според Тасева во Собранието треба да се уредат повеќе работи меѓу кои и следење и контрола на привилегиите, како и бенефитите што ги користат членовите на Собранието и пратениците. Недостасуваат и други механизми, како следење на примени подароци и услуги. Трошоците на пратениците спаѓаат во привилегија и потребно е добро да се уреди и да се регулира за да не може да се злоупотребува, рече Тасева и нагласи дека постојат сомневања, но дека тоа треба да се истражи.

Антикорупциска Закон за заштита на укажувачи примена Слаѓана Тасева ТИ-Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.