Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓански протест утре и во Тетово

0
By Нова ТВ on April 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По одлуката за колективна аболиција на претседателот Иванов за 56 политичари протестите во земјава не запираат. За утре најавен е протест и во Тетово под паролата #ТетовоПротестира.

„Утре за првпат во нашиот град излегуваме на протест против одлуката за аболиција на претседателот Иванов. Незадоволни од општата состојба во која се наоѓа нашата држава, го креваме гласот против теророт овие години и режимската власт, се вели во повикот.

Протестот е најавен за 19 часот пред зградата на Основниот Суд во Тетово.

Освен континуираниот протест во Скопје, во организација на движењето #Протестирам, по аболицијата протести се одржаа и во Велес, Куманово, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Гостивар и Кочани.

Демонстрантите обединети под граѓанската палтформа #Протестирам бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и е покренато обвинение од Специјалното обвинителство. Се бара итна и неотповиклива оставка на Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, како и  формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите на СЈО.

Дел до барањата исто така се и итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5. јуни, задолжително присуство на претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Тие сметаат дека процесот на решавање на кризата треба  да се одвива на територијата на Македонија и тоа  сè додека не се формира преодна Влада која ќе ги имплементира реформските приоритети од Извештајот на Прибе.

#Тетово Протестира
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.