Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанскиот сектор со предлози за реформи на новата Влада

0
By Нова ТВ on September 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 28, 2016 18:30

Кои реформски зафати треба да ги преземе новата Влада во првите шест месеци. На оваа тема на трибина-консултација организирана од кабинетот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, со граѓанскиот сектор говореа повеќе експерти од областа на економијата, судството, човековите права, образование, здравство и младинскиот сектор.

Во делот на финансиите зборуваше Петар Гошев поранешен Гувернер на НБРМ, од областа на судството предлози даваше Светомир Шкариќ, професор по Уставно право, за човекови права Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет, образование Ирена Стефоска, професорка на Институтот за национална историја, за здравството Менче Атанасова Точи новинарка и  Дона Костуранова, младински активист.

Тие дадоа свои предлози и беа предложени повеќе мерки во овие области кои треба да бидат спроведени во првите шест месеци од функционирањето на новата Влада.

 

5-1Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека како партија се отворени за предлозите и сугестиите на граѓанскиот сектор и оти во Македонија мора да се случат промени кои ќе се фокусираат и ќе го издигнат граѓанинот над се.

Според Заев, потребни се реформи во правосудниот систем со кои судството ќе стане независно, а како што посочи, поддршка даваат и на Специјалното јавно обвинителство бидејќи законот мора да важи за сите поеднакво.

Работниците, како што рече, немаат никакви права, а куповната моќ е намалена поради што потребно да се преземат чекори за да се зголеми просечната плата и животниот стандард на граѓаните. Заев додаде дека треба да се помагаат и домашните компании, а не само странските инвеститори да имаат бенефиците кога инвестираат во државата. Промени ќе се случат и во здравството, а една од мерките да се стимулираат лекарите специјалисти од терцијално здравство е и двојно зголемување на нивните плати.

Според Заев, потребни се и низа мерки за да се задржат младите да останат во државата и тие да не ја гледаат иднината само во јавната администрација.

експерти Заев трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.