Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: Забрзано се бара решение за прашањето за името

0
By Нова ТВ on December 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По првичните позитивни реакции од вчерашната нова рунда разговори за името во Брисел, одржана по пауза од три години, денеска грчките медиуми пишуваат дека е евидентно забрзување на процесот за надминување на спорот, но оти таквото раздвижување на меѓународен план може да предизвика сериозни проблеми во коалициската влада на премиерот Алексис Ципрас, пренесува МИА.

Сајтот Ин.гр пишува дека по зголемените раздвижувања во однос на прашањето за името се зголемува и притисокот врз владата на Ципрас, а особено на неговиот коалициски партнер, Панос Каменос, од партијата Независни Грци, за изнесување јасен став по ова прашање.

Според Ин.гр, САД поставиле рок до летото да се најде решение, а во спротивно ќе следи влез во НАТО под референцата ПЈРМ. Сепак, тоа отвора прашање како Каменос ќе реагира доколку биде понудено комплексно име и дали би излегле од Владата, имајќи предвид дека тој досега остро се противеше зборот Македонија да биде содржан во името на северниот сосед.

„Катимерини“ ја пренесува изјавата на директорот за Дијалог за Југоисточна Европа при Универзитетот Колумбија, Давид Филипс, кој е поранешен советник во Стејт департментот во време на претседателите Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама, дека односите меѓу Атина и Скопје се во својот зенит и дека 2018 година е важна поради можноста да се дојде до решение што ќе биде од корист и на двете страни.

Според Филипс, ќе биде важно зајакнување на економските врски со Скопје, додека Алексис Ципрас ќе го зголеми својот меѓународен углед, бидејќи решението на проблемот ќе го зајакне суверенитетот на Грција во време кога Турција бара обновување на договорот од Лозана, а ќе ги подобри односите со Албанија и Бугарија.

Онлајн изданието „Еифимерида“ пишува дека нешто се движи во Скопје и дека забрзано се бара решение на проблемот со името. Првата половина на 2018 година е идеално време за решавање на проблемот со името, бидејќи во јуни и јули се одржуваат ЕУ и НАТО самити, на кои САД очекуваат да биде решена евро-атлантската интеграција на Македонија, но според „Еифимерида“, сето тоа е под претпоставка проблемот со името и ветото од Грција да бидат надминатини.

– Скопје може да има многукратна корист од геополитичките движења во регионот, што би резултирало со негова забрзана евро-атланстка интеграција, објавува „Еифимерида“.

Медијаторот Метју Нимиц по вечерашната средба со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, изјави дека прашањето за името може и треба да биде решено следната година.

Според медијаторот, и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името. Најави дека преговорите ќе бидат интензивирани во наредниот период со нови средби во Њујорк во јануари, февруари и март.

Брисел Грција грчки медиуми името Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.