Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругата на грчкиот амбасадор во Бразил го нарачала убиството

0
By Нова ТВ on December 31, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 31, 2016 10:46

Сопругата на убиениот грчки амбасадор во Бразил, Франсоас де Соуза Оливеира Амиридис наводно ја признала вината за смрттна на нејзиниот сопруг. Како што објави бразилската телевизија Глобо, таа признала дека е вмешана во смртта на нејзиниот сопруг.

 Вчера, полицискиот службеник од бразилскиот мегалополис Рио де Жанеиро, Сержиу Мореира го признал убиството на грчкиот амбасадор во Бразил, 59-годишниот Киријакос Амиридис, во вторникот вечерта во неговиот дом во општината Нова Игаусу, во регионот Баиксада Флуминенсе, северно од Рио.

Полицијата на сослушување ги повикала Мореира и Франсоас, откако откриле дамки од крв на каучот во станот на амбасадорот и започна да ја води истрагата во насока на убиство на амбасадорот.

„Сопругата го организирала неговото убиство ветувајќи му на еден од извршителите 80.000 реали, или 24.600 американски долари“, изјавил на прес-конференција иследникот од полицијата на Реи де Жанеиро, Еваристо Понтес Магаљас, кој ја води истрагата.

Според него, тврдењето на правосудните органи се заснована сведочењето на Едуардо Мореиро де Мело. Тој бил внук на наводниот љубовник на сопругата на дипломатот, припадникот на воената полиција на Рио де Жанеиро, Сержиу Мореиро Фиљо.

„Сведочењето на Едуарду не оставаат простор за сомневање дека сето тоа било планирано однапред. Тоа во прв ред го потврдува фактот дека Франсуас Амиридис му понудила 80.000 реали на неговиот чичко за помош да го реализира планот“, изјавил иследникот.

Додал дека Моеира Фиљо признал дека имал афера со сопругата на амбасадорот и оти е вмешан во убиството на амбасадорот. Сепак, според осомничениот, тој дејствувал во самоодбрана, бидејќи дознавајќи за прељубата Амиридис наводно го нападнал со тупаници. Таквата верзија истрагата ја смета за невистинита, бидејќи 29-годишниот полицаец физички значително бил супериорен во однос на 59-годишниот дипломат.

Сепак, сопругата на амбасадорот и покрај информациите на една од најгледаните бразилски телевизии Глобо дека го признала делото, таа подоцна целосно негирала. Таа изјавила дека за убиството на сопругот дознала дури следниот ден, кога ги забележала дамките крв на каучот во станот, но сепак решила да не го пријавува љубовникот. Покрај тоа, додала дека амбасадорот постојано ја тепал.

Судот во Рио де Жанеиро по барање на иследниците издал налог за апсење на тројца осомничени и тие ќе останат во притвор најмалку 30 дена.

Точната причина за смртта на грчкиот дипломат, сепак, не е утврдена, бидејќи неговото тело било речиси потполно уништено од оган.

Амиридис бил конзул во Рио де Жанеиро во периодот од 2001 до 2004 година. Во јануари 2016 е именуван за амбасадор на Грција во Бразил, откако претходните четири години бил амбасадор во Либија.

амбасадор Бразил убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.