Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчкиот Вотергејт не стивнува – организаците за заштита на приватноста ќе ги „тресат“ телекомуникациските компании

0
By Соња Крамарска on January 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчката управа за безбедност и приватност на комуникациите (АДАЕ) одлучи да ги провери досиејата на телекомуникациските провајдери за барањата за надзор што ги упатуваат грчките тајни служби.

Одлуката беше донесена по извештајот на EURACTIV кој ја потресе политичката сцена на Грција откако дополнително беше откриено дека и друг политичар и новинар биле под надзор, со што се прошири листата на прислушувани политичари, новинари и други јавни личности.

Грчкото тело за заштита на приватноста ќе формира специјален тим за проверка на евиденцијата на сите телекомуникациски компании за да види дали грчките тајни служби побарале откажување од доверливоста на телефонските повици за одредени луѓе.

АДАЕ, исто така, побара од опозициските партии да дадат конкретни телефонски броеви кои треба да се проверат дали биле прислушувани, имајќи предвид дека годишно во Грција се случуваат над 15.000 активности за надзор.

Неколку извештаи во печатот во Атина сугерираа дека неколку политичари, новинари и бизнисмени биле под надзор по наредба на тајните служби.

Таканаречениот „грчки Вотергејт“ наиде на жестоки критики од меѓународните медиуми и новинарските здруженија и се смета за отворена рана на премиерот Мицотакис пред парламентарните избори што ќе се одржат за неколку месеци.

Грчката конзервативна влада на Нова демократија (ЕПП) го призна само прислушувањето на водачот на социјалистичката опозиција Никос Андрулакис, но одби да ги открие причините повикувајќи се на националната безбедност. Премиерот Киријакос Мицотакис се обиде да се огради од скандалот, велејќи дека не бил свесен за надзорот на Андрулакис.

Меѓутоа, првиот закон што го донесе како премиер беше да ги преземе тајните служби под своја контрола, а кога беше обелоденет скандалот, тој ги отпушти  шефот на неговиот кабинет и неговиот внук Григорис Димитриадис, како и шефот на тајната служба.

Во средината на декември, EURACTIV ексклузивно објави дека ADAE, независна организација чија функција е предвидена во грчкиот устав, сакала да изврши ревизија во телекомуникациската компанија Cosmote по барање на  европратеникот на Renew Europe, Јоргос Кирцос и истражувачкиот новинар Тасос Телоглу, кои сакале да откријат дали се прислушувани.

EURACTIV објави дека ревизијата потврдила дека и двајцата биле прислушувани од тајните служби, но причините не биле откриени, наведувајќи ја „националната безбедност“.

Извор: Еуроактив

 

Вотергејт Грција Киријакос Мицотакис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Оставката на Ана Чупеска

ВЕСТИ November 3, 2025

Ана Чупеска, потпретседателката на СДСМ, како што е веќе познато во јавноста, поднесе оставка на…

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.