Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грнчаров: Европската победничка серија да продолжи и со Зенит

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малме и Копенхаген во квалификациите за Лигата на шампиони и Фенербахче во плејофот за Лига Европа паднаа во Струмица, односно, во Скопје ова лето за историски пласман на една македонска екипа, во случајот Вардар, во групна фаза на европско клупско натпреварување. Мисијата по која се копнееше две ипол децении, конечно, беше остварена на Босфорот за задоволување на апетитите, но жедта на „црвено-црните“ за продолжување на победничката низа на домашен терен останува присутна. Континуитет се бара вечерва против Зенит од Санкт Петербург во првиот меч од групата Л што носи и дуел во Сан Себастијан меѓу Реал Сосиедад и Розенборг. Мечот на „Телеком арена“ во Скопје почнува во 21,05 часот.

„Одиме на гол повеќе од Зенит. Играме дома, играме пред наши навивачи, имаме позитивен биланс ова лето и верувам дека ќе можеме и до четврта победа што ќе значи и први бодови во групната фаза. Нема што да загубиме, може само да добиеме. Верувам дека ќе одиграме офанзивно и ќе дадеме максимум за добар резултат“, порачува вардаровиот капитен, Бобан Грнчаров.

Тренерот Чедомир Јаневски порача дека Зенит е анализиран. Виденото продуцира заклучоци, заклучоците соодветна тактика што поранешниот селектор на Македонија се надева дека ќе донесе резултат против гостите од Санкт Петербург. Опција за дебито не е само украинскиот стопер Евгениј Новак, па партнер на Грнчаров на централните позиции во одбраната ќе биде Дарко Велковски.

„Новак не е целосно залечен од повредата. Ги пропушти последните два меча, а по консултации со медицинскиот тим ќе го пропушти и вечерашниот со Зенит“, сподели Јаневски.

Вардаровиот стратег е уверен во можноста на колективот за нови квалитетни 90 европски минути. Притоа убедува дека лошата реализаторска форма на ривалот од Санкт Петербург нема да доведе до опуштање кај „црвено-црните“ момчиња.

„Зенит е фаворит. Пред нас е добра екипа со добри индивидуалци против кои се надеваме дека ќе бидеме на ниво од претходните натпревари. Противникот доаѓа во Скопје со два меча без постигнат гол во рускиот шампионат, но тоа нема да нè опушти бидејќи во тимот на Роберто Манчини има фудбалери кои може да се разбудат во секој меч. Мора да бидеме внимателни од почеток до крај, да се обидеме да ја наметнеме наша игра што се надевам дека ќе донесе и поволен резултат“, заврши Јаневски.

Судикиот тим за вечерашниот натпревар доаѓа од Данска на чело со Јакоб Келет. Сонародниците Хенрик Ларсен и Хејде Соренсен ќе асистираат крај аут линиите, а Микел Тикгард и Јенс Мае зад головите.

Лига Европа – вечерва играат

Аполон (Кипар) – Олимпик Лион (Франција) – 19 часот

Аталанта (Италија) – Евертон (Англија)

Австрија Виена (Австрија) – Милан (Италија)

Истанбул Башакшехир (Турција) – Лудогорец (Бугарија)

Динамо Киев (Украина) – Скендербег (Албанија)

Копенхаген (Данска) – Локомотив Москва (Русија)

Хофенхајм (Германија) – Брага (Португалија)

Риека (Хрватска) – АЕК (Грција)

Славија Прага (Чешка) – Макаби Тел Авив (Израел)

Вилјареал (Шпанија) – Астана (Казахстан)

Јанг Бојс (Швајцарија) – Партизан (Србија)

Жлин (Чешка) – Шериф Тираспол (Молдавија)

Арсенал (Англија) – Келн (Германија) – 21,05 часот

Црвена звезда (Србија) – БАТЕ Борисов (Белорусија)

ФЦСБ (Романија) – Викторија Плзен (Чешка)

Виторија Гимараеш (Португалија) – Салцбург (Австрија)

Хапоел Бер Шева (Израел) – Лугано (Швајцарија)

Херта (Германија) – Атлетик Билбао (Шпанија)

Олимпик Марсеј (Франција) – Конјаспор (Турција)

Реал Сосиедад (Шпанија) – Розенборг (Норвешка)

Вардар (Македонија) – Зенит Санкт Петербург (Русија)

Витесе (Холандија) – Лацио (Италија)

Зулте Варегем (Белгија) – Ница (Франција)

Зорја Луханск (Украина) – Естерсундс (Шведска)

Бобан Грнчаров Вардар Зенит Лига Европа фудбал Чедомир Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.