Грција демантира дека побарала од Европската унија да направи нов план во случај Турција да се откаже од договорот постигнат со Унијата за запирање на нов бран мигранти. Ова следува откако шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во Анкара рече дека Турција би можело да се откаже од договорот доколку Брисел не го испочитува ветувањето за визна либерализација за Турците.
Грчкиот министер за миграции Јанис Музалас изјавил дека Атина со загриженост ги следи настаните во Турција по обидот за државен удар во минатиот месец.