Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција поради енергетската криза дава и до 600 евра за ранливите домаќинства

0
By Biljana on May 6, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кабинетот на премиерот Киријакос Мицотакис ќе обезбеди финансиска помош до 600 евра за домаќинствата со годишен приход помал од 45.000 евра, со цел да ги поддржи средната и ниската класа, кои се силно погодени од високите цени на струјата.

Новиот пакет ќе апсорбира 70 до 80 отсто од поскапувањето за киловат час за домаќинствата и бизнисите, а вкупниот трошок изнесува 3,2 милијарди евра за остатокот од 2022 година, од кои околу 1,1 милијарда евра се на товар на државниот буџет, рече министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас во однос на новите мерки на Владата за справување со покачувањето на цените на електричната енергија што синоќа ги соопшти грчкиот.

Мерките предвидуваат покривање на 50 отсто на зголемувањето на струјата за потрошувачка над 300 киловат часови за мај и јуни; вонреден надомест до 600 евра за граѓаните со годишен приход до 45.000 евра, за дополнителни направени трошоци, ретроактивно од декември до мај; одвојување на меѓународните покачувања на природниот гас од сметките за струја, односно индиректен плафон на цените на природниот гас.

Стајкурас истакна дека дополнителните оптоварувања на буџетот се вклучени во проценките на Министерството за финансии.

Министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас објасни дека и во следните два месеца Владата ќе продолжи да покрива дел од сметките за струја со надомест, што во мај ќе биде 56,6 евра за првите 300 киловат часови за домаќинствата и 120 евра за бизнисите.

Истакна дека мерките ќе продолжат сè додека трае енергетска кризата криза, а „единственото реално решение за надминување на оваа криза и заштита на земјата од слични појави во иднина е преминот кон чиста енергија, искористувајќи ги сонцето и ветерот“.

Паралелно додаде дека целта на Владата е Грција да стане енергетски конкурентна земја и да се претвори во транзитен центар на зелена енергија за цела Југоисточна Европа.

Грција мерки регион струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.