Од 24 тестирани лица со симптоми на коронавирус во Грција, 21 имаат позитивни резултати. Станува збор за лица кои патувале во Израел и во Египет, заедно со 67-годишниот маж, за кој вчера беше потврдено дека е заразен со болеста со што вкупниот број на дијагностицирани случаи кај јужниот сосед се искачи на 31.
Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција рече дека девет од лицата се хоспитализирани, а останатите 12 се ставени во домашна изолација.