Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција со подновена влада

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчката влада од синоќа е реконструирана. Премиерот Алексис Ципрас направи промени во владатa за да го зголеми рејтингот кој е во опаѓање по нешто повеќе од една година по последните избори. И за да им испрати порака на кредиторите дека владата е одлучна да продолжи да ги спроведува договорените реформи.

Грчкиот премиер исклучи 13 стари министри и заменици, донесе 15 нови лица и го зголеми бројот на министерства од 15 на 18. Во новата влада, која има 49 членови, е засилена и улогата на коалицискиот партнер Независни Грци, со уште еден нов заменик-министер од таа партија.

Неколку изненадувања има во министерството за надворешни работи иако прв човек останува да биде  Никос Коѕиас. Во министерството првпат влегува  десничарската Независни Грци преку Теренс Квик од партијата на Панос Каменос, кој ги поддржува радикалните ставови на партијата против Македонија. Квик е поставен за министер за грчката дијаспора.

Покрај Коѕиас, на истата позиција како и досега, министер за одбрана останува коалицискиот партнер Панос Каменос, непроменет е и министерот за миграција, Јанис Музалас, а промени нема ниту во министерството за финансии кое во ист состав ги продолжува преговорите со кредиторите, како и во министерствата за туризам и за здравство.

Министерот Никос Папас, одговорен за медиуми, доби ново министерство за дигитална политика, телекомуникации и за информации.

Од владата е исклучен досегашниот министер за образование, Никос Филис, наводно заради несогласувањата со грчката црква околу часовите по веронаука.

Опозициската Нова демократија оваа реконструкција ја нарече “рециклажа” на истата влада и инсистира на тоа дека се потребни предвремени избори.

Алексис Ципрас Грција реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.