Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грците го губат трпението со бегалците: „Ова е инвазија“

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ВЕСТИ
Фото: voanews.com/AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 09:11

Грција е во состојба на зголемена безбедност, откако се соочи со наплив на илјадници мигранти кои се обидуваат да влезат од Турција, а локалното население стравува од нова криза.

„Ова е инвазија“, вели Јоргос Карампацакис, градоначалник на селото Марасиа, во близина на граничниот премин со Турција.

Повеќе од 13.000 мигранти се собраа на турската страна од реката Еврос која се протега, речиси, 200 километри долж границата меѓу Грција и Турција. Новиот бран на мигранти го разбуди стравот во ЕУ од реприза на бегалската криза од 2015 година, кога Грција стана влезна точка на милиони мигранти, повеќето бегалци од граѓанската војна во Сирија.

„Ова е тоа што се случи во 2015 година и сега се повторува. Илјадници на нашата граница, Бог нека ни е на помош“, вели 63 годишната Панајотија од пограничното село Кастаниес.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го подигна влогот најавувајќи дека ќе дозволи на бегалците да минат кон Европа, во обид да изврши притисок врз ЕУ поради конфликтот во Сирија. Грчката полиција се обидува да одржи контрола врз ситуацијата и да ги одврати од намерата со користење на водени топови кон мигрантите. Дел од нив, пак, се обидуваат да ја препливаат пограничната река, други се обидуваат да се провлечат под заштитната ограда, додека бројот на оние кои чекаат на ничија земја се зголемува.

Грчкиот совет за безбедност одлучи да го подигне нивото на будност на границата кон Турција на максимум и да го запре приемот на нови барања за азил од лица кои илегално ја преминале границата.
Владиниот портпарол Стелиос Пецас вечерва ја критикуваше Турција.

„Турција, наместо да ги контролира мигрантите и шверцерите со луѓе, самата стана шверцер. Актуелната ситуација претставува активна, сериозна, вонредна и асиметрична закана за националната безбедност на Грција“, изјави Пецас и додаде дека Турција ги користи луѓето собрани на границата како „пиони“ со цел да изврши дипломатски притисок.

Во последните 24 часа, Грција блокираше околу 10.000 луѓе кои се обидоа да ја преминат границата. Само вчераутро во 6 часот околу 5,500 мигранти се обиделе илегално да ја преминат границата, а 60 од нив беа уапсени. Некои, сепак, успеале да ја минат реката Еврос и да се упатат кон внатрешноста на земјата.

На грчките острови, каде бесот поради постојаниот прилив на мигранти се заканува да ескалира, локални жители блокираа брод со 50 бегалци кој се обиде да се закотви. Извикувајќи „Вратете се во Турција“, бесни локални жители ги блокираа и претставниците на агенцијата на ОН за бегалци на островот Лезбос.

бегалци Грција Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.