Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грците поделени околу можниот компромис за спорот за името

0
By Нова ТВ on February 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грците се поделени во однос на прашањето дали ќе се најде компромисно решение на спорот со името. Според истражувањето на јавното мислење објавено во весникот „То вима“, како што јави дописникот на МИА од Атина, 49 отсто од анкетираните сметаат дека постои простор за решение, додека пак 46 проценти одговориле негативно на прашањето за евентуален договор меѓу двете земји.

Разговорите за името и скандалот „Новартис“, двете најголеми теми во Грција од изминатиот период, според анкетата која што е најголема спроведена до сега, се главните точки што ја одредуваат политичката сцена кај јужниот сосед.

Претседателот на „Метрон Анализис“, агенцијата што го спроведе истражувањето, за „То вима“ анализира дека актуелната грчка Влада ја губи довербата  поради прашањето за името, но добива поени во однос на скандалот со фармацевтската компанија. Кај опозицијата, ситуацијата е спротивна.

– Владата се чини дека губи поради македонското прашање, додека пак опозицијата губи поради скандалот „Новартис“, а двата случаи се еден наспроти друг, можеби затоа што и двете прашања се уште се во тек и тешко може да се одреди како ќе завршат, вели Стратос Фанарас, претседателот на агенцијата „Метрон Анализис“.

На прашањето кој е најголемиот проблем со кој што се соочува земјата во овој момент, 39 отсто од анкетираните рекле дека тоа е економијата, 19 проценти невработеноста, 11 отсто политичарите и политичкиот систем, а само 9 проценти одговориле дека тоа е надворешната политика и македонското прашање.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека опозициската Нова демократија и понатаму е во водство пред владејачката СИРИЗА, но со намалена разлика, додека пак зголемен е рејтингот на радикално десничарската Златна зора. Поконкретно, според анкетата: Нова демократија има 34.9 отсто, СИРИЗА 25.2, Златна зора 9.4, Движење за промена 8.4, Комунистичка партија 7 отсто, Сојуз на централисти 3 отсто, Независни Грци 2.5 отсто.

Мнозинството од анкетираните (64 проценти) сметаа дека на следните парламентарни избори во Грција, Нова демократија ќе биде прва, додека пак 21 отсто рекле дека ќе победи СИРИЗА.

Во однос на тоа кој е најсоодветен за премиер на земјата, 22 проценти одговориле дека е Кирјакос Мицотакис, лидерот на Нова демократија, 18 отсто Алексис Ципрас, а 45 отсто од анкетираните го одбрале одговорот: никој.

анкета Грција Новартис спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.