Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби очекува Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за јазиците

0
By Нова ТВ on January 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од ДУИ Артан Груби изјави дека со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.

– Петнаесет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, денеска со гласањето за Законот за употребата на јазиците го заокруживме нормативниот дел од овој мировен договор со кој што заврши војната во 2001. Затоа денешниот ден е многу успешен им честитам на сите граѓани затоа што храбро се настапи кон заокружување на овој мировен договор. Сега останува да пристапиме кон имплементација на сето тоа што го усвоивме во Собранието на РМ, рече Груби.

Тој им се заблагодари на сите пратенци кои гласа за и од власта и од опозицијата и на оние кои не гласа „против“, оти законот помина без ниту еден глас против, без разлика на различните ставови.

Груби истакна дека очекува опозициската ВМРО – ДПМНЕ, како еден од потписниците на Рамковниот договор кои денеска не присуствуваа на седницата, да го поддржи законот, бидејќи според него со овој закон ќе добие Македонија, општетсвото ќе добие кохезивност, ќе се релаксираат меѓуетничките односи и ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од Рамковниот договор.

Доколку претседателот Иванов реши да не го потпише законот, тоа според Груби, би било против Рамковниот договор и против социјаланта кохезија во општеството во Македонија, и во тој случај законот ќе се врати во Парламенот каде што повторно ќе се изгласа.

– Видовте дека има солидно мнозинство за Законот за употребата на јазиците и ништо нема да биде спорно. Го повикувам претседателот Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор и да го потпише Указот со што ќе даде придонес за постабилно општество, за еднакви граѓани, рече Груби.

Во однос на случувањата во Беса, тој се огради од коментар за како што вели, внатрешните турбуленции во ова партија и не смета дека средбата на премиерот Заев со Беса е со цел да прошири владината коалиција.

Тој смета дека пратениците од Беса, а исто и од Алијансата на Албанците и ДПА, како и од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат реформските закони, без разлика дали се на власт или во опизиција, оти вели реформакта агедна не е агенда на Владата, туку агенда на државата. Целта е интеграција во ЕУ и НАТО, а тоа може да се постигне само со доборососедски односи и со реформската агенда. Ако тие и мислат добро на државата тие ќе ги поддржат рефосмките закони, рече Артан Груби.

Претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред Собранието се изјасни против законот. Според него, законот за јазиците претставува закана по унитарноста на државата и го крши  Уставот на Република Македонија.

Зендели: Беса гласаше за законот за употреба на јазиците

Пратеничката група на Беса го поддржа Законот за употреба на јазиците иако со него не се официјализира употребата на албанксиот јазик, изјави пратеникот Фадил Зендели во Собранието по донесувањето на Законот,

–  Ние како парламетарна група порано изјавивме дека ќе го поддржиме законот и денеска гласавме, како што за законот гласавме и во прво читање, иако за него имаме забелешки. Сметаме дека со овој закон не се официјализира албанскиот јазик, туку има само едно авансирање, унапредување на употребата на албанскиот јазик во државните институции, рече Зендели.

Тој најави дека сите пет пратеници од парламентарната група на движењето БЕСА ќе продолжат да дејствуваат единствени како и досега, согласно платформата, програмата и статусот на на движењето.

– Сите случувања во самата партија оставаме да се решаат како внатрешни прашања на органите на движењето, додаде Зендели.

Законот за употреба на јазиците денеска беше донесен со 69 гласа од присутните 69 пратеници. Според листингот од гласањето  за законот гласаа сите пратеници од СДСМ и Коалицијата, ДУИ, двајцата од Алијанса на Албанците, Мерал Ферати од ДПА, како и независните Амди Бајрам од Сојуз на Ромите, Чедомир Саздовски од ГРОМ и Весел Мемеди од Национална демократска преродба

 

Артан Груби Закон за јазици Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.